ДЗС: Во 2021 намален бројот на говеда, кози и живина, зголемени свињите и овците

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021, во споредба со 2020 година, вкупниот број говеда е намален за 20.1 %.

Намалување на бројот на говедата е забележано во двата сектора, кај индивидуалните земјоделски стопанства и кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги).

Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2021, во споредба со 2020 година, е зголемен за 12.4 %, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 13.9 %.

Вкупниот број на овците во 2021 година бележи незначително покачување од 0.4 %. Во истиот период, бројот на козите е намален за 20.3 %.

Бројот на живината во 2021 година, во споредба со претходната година, е намален за 9.7 %.

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести