Во Скопје 258 сообраќајни прекршоци, 109 санкции се за пешаците

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки.

Меѓу мерките 48 се за возење повеќе од дозволената брзина, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 109 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.  

Изречени се и шест мерки технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 42 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести