(ФОТО) Горат магацин и пластика во кругот на фабриката „Треска“

 Гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Противпожарни екипи со возила се на терен и го гасат пожарот.

Огнот зафатил и пластични материјали што предизвикува густ црн чад во центарот на Скопје.

Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.

Од Противпожарната единица на Град Скопје за МИА потврдија дека  на местото на пожарот се упатени екипи и возила од сите противпожарни станици во Скопје.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести