Герасимовски: Изби голем пожар кај „Треска”, противпожарната служба е на терен

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во објава на Фејсбук напиша дека екипите на противпожарната се на терен и интервенираат на пожарат кај „Треска”.

-Во моментов екипите на противпожарна служба се на терен, станува збор за голем пожар и огромен чад кој се издига на фабриката „Треска“. Екипите на Општина Центар се упатија натаму да дадат поддршка на пожарникарите доколку е потребно. Во моментов немаме повеќе информации, јас сум упатен на местото на настанот и со повеќе информации официјално ќе излеземе подоцна“, напиша градоначалникот Герасимовски на Фејсбук.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести