16 работи што ги научив во Индија: „Дозволи сè да биде како што си е!“

Ана Шахназарова 3 месеци патувала низ Индија. Откако се вратила дома, воодушевена од сето она што го доживеала за време на нејзиното инспиративно патување, таа сподели 16 работи што ги научила таму.

  1. Секогаш бидете присутни во сегашниот момент, никогаш во друго време

Секогаш бидете таму каде што се чувствувате удобно, не брзајте да си одите. Ако мислите дека треба да бидете на друго место, одете таму каде што ве повикува вашиот внатрешен глас.

Но, не заборавајте, не мора да одите некаде за нешто да најдете. Смислата е таму каде што сте.

2. Дозволи сè да биде како што си е!

Не обидувајте се да ги контролирате другите луѓе и настаните. Не планирајте, не очекувајте, туку посакувајте. Опуштете се.

„Научете да застанете и да одморите – да си направите пауза каде што ништо нема да се случува“.

Немојте секогаш да бидете тие што бараат нешто, оставете ги луѓето сами да се појават во вашиот живот и настаните сами да се случат. Затоа што и едните и другите не се појавуваат без причина во вашиот живот.

3. Давајте слобода

Дајте си слобода да бидете тоа што сте и дозволете им на другите да бидат тоа што се, дури и ако се многу различни од вас. Запомнете, секој оди по својот пат и ги учи своите лекции.

Ако патиштата случајно ви се вкрстат – одлично, но ако се разминат – повторно одлично, затоа што сè што се случува носи добро за вас, за нив, за сите…

4. Не плашете се

Никогаш и од ништо. Променете го начинот на кој ги правите секојдневните работи. Ако чувствувате дека треба да кажете нешто или да направите нешто – направете го тоа и игнорирајте ги формалните пречки како „но јас веќе имам повратен билет“, „ама немам пари“ или „не можам“.

Изберете слобода место стравови.

5. Помалку е повеќе

Не обидувајте се да имате сè одеднаш. Секогаш ќе добиете сè што ви треба, а кога нешто ви недостасува, тоа ќе ви дојде од вашата сестра, брат, пријател или случаен странец.

Бидете умерени во сè.

6. Не врзувајте се за луѓето

Во спротивно нема да го добиете искуството наменето за вас. И онака никогаш нема да останете сами бидејќи каде и да одите ќе најдете луѓе кои се „ваши“, кои ќе ве воодушеваат, инспирираат и исполнуваат.

Кога вашите патишта се разминуваат, колку и да трчате по некоја личност, нема да останете заедно. Од своите пак, колку и да бегате, нема да им избегате.

7. Испратете се

Со насмевка, со љубов, за сите и за се. Но, никогаш не се збогувајте засекогаш, бидејќи никогаш ништо не е конечно. Секогаш велете „благодарам и се гледаме“.

„Не можете да изгубите нешто што го немате и не можете да добиете нешто што веќе го имате“.

8. Секогаш како вода

Бидете вода. Запомнете го принципот на морскиот бран: бранот доаѓа и оди. И тој принцип важи за сите: состојби, чувства, луѓе, нешта. Ништо не е статично. Живееме во свет на движење. Затоа, не останувајте во една состојба – затоа што таа секако се менува.

Не можеме да задржиме ништо, затоа не се обидувајте да го правите тоа, туку бидете благодарни за моментот што трае.

9. Слушајте го вашиот внатрешен глас

Слушнете ги советите на другите, но постапете како што ве водат вашите чувства. Да постапев како што ми кажаа другите луѓе за моето патување, никогаш немаше да отидам во Варанаси, никогаш немаше да го најдам градот од моите соништа и сè уште ќе се плашев од сè и ќе живеев како заробена.

Секогаш слушајте се себеси. Секогаш.

10. Верувајте

На луѓето, на вселената, на Бога – наречете го како сакате. Верувајте дека сè што се случува во вашиот живот – се случува за ваше добро, дури и во најтешките моменти.

11. Неколку минути дневно посветете си ги за себе

Правете што сакате – медитирајте, цртајте, пишувајте, прошетајте или едноставно уживајте во тишината.

Дури и неколку минути ќе ви помогнат да видите што ви треба и што во вашите мисли е дело на вашиот ум, другите луѓе, илузиите…

12. Сакајте се себеси

Почитувајте ги вашите желби, соништа, тело. С`е е можно. С`е можете да имате.

13. Делете

Со сите и секогаш. Со пријател, со бездомник, со куче… и никогаш не очекувајте ништо за возврат.

Како што рече мојот Гуруџи, „Џи, ако само себеси се храниш, не правиш нешто општо корисно“.

14. Имајте желби

Но, внимавајте што посакувате, бидејќи токму тоа и ќе ви се исполни. Бидете што е можно попрецизни кога ги посакувате вашите желби.

15. За да можете да облечете нова кошула, прво треба да ја соблечете старата

Буквално и метафорично.

16. Патувајте

И најдобро – патувајте сами. Бидејќи каде и да одите, сите се секогаш со вас.

]]>

Најчитани вести