Скопјанец приведен поради сомнение за сторено насилство

Полициски службеници од Одделението за насилен криминал, трговија со луѓе и посредување во вршење на проституција, во рамки на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, денеска го привеле лицето Г.М.(35) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, Г.М. на 5 април, на подрачјето на Карпош со тврд предмет физички го нападнал 44-годишниот М.С. од Скопје.

Од МВР велат дека случајот е пријавен кај јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

MИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести