Роналдо објави фотографија со новородената ќеркичка: Конечно заедно

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ја пречека својата свршеница Георгина и нивната новородена ќеркичка во нивниот дом. Тие објавија заедничка фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.

По трагедијата што ја доживеа семејството во понеделникот, кга за време на породувањето им починал новороденото синче, денеска мајката излегла од болница заедно со новиот член на семејството.

Роналдо се огласи на социјалните мрежи и рече дека е среќен што има голема поддршка ширум светот и дека тоа му значи многу.

„Доме сладок доме. Гио и нашето девојче конечно се со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за нивните убави зборови и гестови. Вашата поддршка ни е многу важна и сите ние ја почувствувавме љубовта и почитта што ја имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за малиот живот кој штотуку дојде на овој свет – напиша Роналдо.

Роналдо вчера се врати на тренинзите во својот Манчестер Јунајтед, а денеска го одработи првиот целосен тренинг со соиграчите.

]]>

Најчитани вести