Благодатниот оган од Ерусалим пристигна со посебен лет во Скопје за МПЦ ОА

Eден час пред Христовото воскресение, односно во саботата околу 23:00 часот на Аеродоромот Петровец благодатниот оган од Ерусалим преку Атина со благослов од Грчката Православна Црква пристигна до Скопје каде го доби МПЦ Охридска Архиепископија.

Спортскиот авион на Аеро клубот Скопје со кој беше донесен благодатниот оган беше управуван од пилотите Миле Зечевиќ и Дејан Саздов кој го превзедоа благодатниот оган кој потоа се пренесе до Епархиите на МПЦ ОА.

Министерството за одбрана и надворешни работи учествуваа во протоколарните подготовки, а горивото за летање на спортското летало беше приватна донација.

Добивањето на благодарниот оган од Ерусалим со кој се прошири веста за Христовото воскресение е голем настан за православниот свет во кој повторно се вклучи МПЦ Охридска Архиспоскопија благодарение на контактите и лобирањето на Епископот Партениј, пилотите Зечевиќ и Саздов, благословот од ГПЦ и подршката во организацијата на министерствата за одбрана и надворешни работи.

Извор: Канал5

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести