„Лирски Елегии“ збирката поезија на македонскиот поет и доктор по професија Александар Саша Трајковски од Битола е објавена на англиски јазик.
„Лирски Елегии” или „Lyric Elegies” е достапна во печатена и електронска форма преку сајтовите на „Barnes & Noble“, ланец од книжарници ширум САД, „Apple Books“, „Smashwords“ и други платформи за литература во печатен и дигитален облик.
Книгата може да се добие во печатен облик во книжарниците на овие платформи или во дигитален формат преку онлајн нарачка, како и преку Амазон.
Преводот на книгата од македонски на англиски јазик и лектурата на англиски јазик е дело на Зорица Врчковска.
Македонското издание на книгата беше објавено во 2021-та од Издавачката куќа „Дата Песнопој“.
]]>


