Штрајкот на СОНК продолжува, од утре ќе работат градинките

Штрајкот на СОНК продолжува и понатаму откако денеска членството на синдикатот ги одби новите понудени 12 проценти зголемување на платите.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вечерва изјави дека членството ја одбило понудата на Владата, односно од вкупно 480 синдикални организации 388 биле против, а 83 биле за прекинување на протестот.

Неделков рече дека најголем дел од синдикатите кои се изјасниле против продолжувањето на штрајкот се од областа на детска заштита, додека речиси сите тие кои биле за продолжување на штрајкот биле од образованието.

„Советот на СОНК одлучи штрајкот да продолжи штрајкот се до наоѓање на заедничко решение со Владата. Градинките ќе ги отворат вратите во интерес на родителите, но и стопанството кое трпи поради неможноста за згрижување на децата“, додаде Неделков.

Советот на СОНК во знак на незадволство од резултатите на преговорите одлучи да организара голем масовен протест пред Владата в среда на 4 мај 2022 година, истакна Неделков.

Штрајкот во основното и средното образование и детските градинки почна на 11 април. СОНК бара зголемување на платите за 18,4 проценти веднаш и усогласување на останатите со минималната плата.

]]>

Најчитани вести