Пораки за мир од заедничкиот концерт на воените оркестри на армиите на Северна Македонија и САД

Воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија и на САД за Европа и Африка „USAREUR-AF” како дел од предвидените активности во пресрет на вежбата „Swift Response 22” вечерва одржаа едночасовен заеднички концерт во населбата Аеродром во Скопје.

На концертот беа изведени повеќе композиции во аранжман на оркестрите. Меѓу посетителите беа заменик на министерот за одбрана, Башким Хасани, амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнс, бригадниот генерал Орце Јордев, припадници од Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Амбасадата на САД.

-Публиката имаше можност да проследи нумери во дувачка изведба меѓу кои и „Молитва за Украина“ „Марш за денот на слободата“, во кои провејуваа пораки на пријателство и мир во светот, поддршка за народот на Украина, но и со кои во заедничката изведба се демонстрира и сојузништвото помеѓу двете армии и држави, информираат од Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија како дел од армиската соработка, традиционално речиси секоја година одржува заеднички концерти со воените оркестри од армиите на НАТО.

Веќе во следниот месец граѓаните ќе имаат можност да проследат заеднички настап на Воениот оркестар со оркестарот на кралската гарда на Норвешка.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести