(ВИДЕО) Заев: Кој можеше да помисли дека во очи 9 Мај, годинава, натпреварот ќе биде кој победува во новиот судир. Европа или Путин?

Кој можеше да помисли дека во очи 9 Мај, годинава, натпреварот ќе биде кој победува во новиот судир. Европа или Путин?
9 Мај – 2022 година – Денес сите треба да се запрашаме. Чива победа е поголема? Онаа НАД фашизмот или онаа ЗА Европа? Или ќе дозволиме некој да триумфира против Европа?, праа денеска екс-премиерот Зоран Заев на настан организиран од француската амбасада во Струмица.

– Дали сме за воена агресија или за културен натрпевар меѓу народите?
За Путин или за Делчев?

За агресија или за европски слободи?, праша Заев.

– Имаме само еден избор и мораме да го направиме тој избор.

Нема неутралност по овие прашања.

Бидете уверени дека 9 Мај годинава ќе биде употребен за пропаганда.
Апелирам – сите ние, секој од нас, да се држиме цврсто до нашите европски постулати – 9 Мај е нашата црвена слободарска база – на 9 Мај Европа го порази фашизмот – на 9 Мај годинава да останеме со кренати глави – да не дозволиме агресијата да ни го земе 9 Мај, изјави Заев.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести