Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), трговскиот дефицит во 2020 година е 112,141 милијарди денари или 1,818 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 76,1 отсто.
Најголемо учеството во извозот во 2020 година имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во 2020 година земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.
МИА
]]>


