Шкријељ: ВМРО ДПМНЕ ги зголеми платите на наставниците за 850 денари во 10 години

„Ние сме пред еден месец до крајот на учебната година. Апелот беше да се преговара, затоа што имаме и колективен договор за наставниците, имаме конечно и К-15, но важно е да се заврши успешно учебната година. Знам дека поголем дел од наставниците се согласуваат со ова помирување, затоа што тие се тука заради децата, постојат за децата да се образуваат и да имаат успешен образовен процес.“- изјави Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

„Реалноста е дека во времето на ВМРО ДПМНЕ платите се зголемија за 850 денари и тоа е факт. Може другите да зборуваат како сакаат и да измилуваат бројки. Кога зборуваме за притисоци, овој пат немавме ние контрапротест, ниту еднаш не го нарушивме правото на штрајк. Сакам да стигнеме до ниво кога секоја дискусија за образованието нема да го исклучи интересот на децата.“- дополни пратеничката.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести