„По првпат оваа година воспоставивме систем на рационални разговори со Бугарија. Процесот не е веќе заробен само во историја и тој нов пристап дава резултати без разлика на сите пречки. Ги подобривме односите и ја интензивиравме комуникацијата. Добро е што Франција претседава со ЕУ затоа што е една од највлијателните држави во Унијата а претседателот Макрон силно се залага за евроинтеграциите“, рече Маричиќ.
„Северна Македонија е држава со најдолг кандидатски стаж од 17 години. Први го потпишавме Договорот за стабилизација и асоцијација, тогаш во процесот бевме заедно со Хрватска која е денес веќе членка на ЕУ а ние сеуште чекаме да ги почнеме преговорите“, посочи Маричиќ.
Тој вели дека земјава има 45 процентно усогласување со ЕУ и тоа значи дека кога ќе ги почнеме преговорите тие нема да траат долго. „Од 2009 година добивме многу позитивни извештаи. Последниот извештај вели дека нивото на подготвеност на Северна Македонија е највисоко во регионот дури и повисоко од некои држави кои веќе преговараат како што се Србија и Црна Гора. Важно е да ни се даде прилика да започнеме. Нашите европски интеграции се долго време жртва на билатерални прашања. Време е да ни се валоризираат постигнувањата“, изјави Маричиќ и додаде дека „кога ќе ги почнеме преговорите подготвени сме да ги водиме брзо и ефикасно“.
Извор: Новатв
]]>


