Арсовски најави дека на Самитот на оваа иницијатива што ќе се одржи во јуни во земјава, ќе бидат поканети и лидерите на Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Косово.

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека ја поддржува регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, посочувајќи дека таа е создадена да опфати шест земји од Западен Балкан.
– „Отворен Балкан“ е направен за шест земји, не е направен за пет и пол земји или три и пол земји, туку за шест земји. Секој кој учествува се претставува себеси и својата земја, рече Абазовиќ во интервјуто.

Властите во Подгорица и Приштина претходно одбиваа да учествуваат во „Отворен Балкан“, додека во Босна и Херцеговина не беше постигнат консензус за приклучување кон иницијативата, која ги опфаќа Србија, Албанија и Северна Македонија.
Оваа иницијатива предвидува слободно движење на капитал, стоки, услуги и луѓе меѓу земјите-членки.
MИА
]]>


