Mијалков дал над 10 милиони евра гаранција за да излезе од притвор

Обвинителството ја прифати понудената гаранција од Сашо Мијалков од над 10 милиони евра за да излезе од притвор до правосилноста на пресудата за предметот „Трезор“ за кој доби осум години затвор.

-Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзината замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10,871,170,00 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата, велат од ЈО.

Мијалков беше осуден за незаконска набавка на опрема за следење на интернет комуникација со што го оштетил Буџетот за над 800.000 евра. 

]]>

Најчитани вести