Во последните 24 часа од направени 3.856 тестирања, регистрирани се 29 нови случаи позитивни на коронавирусот, од кои во Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Тетово, Битола, Гостивар, Охрид, Виница и Кратово по двајца, Велес, Радовиш, Делчево и Демир Хисар по еден.
Од Министерството за здравство информираат дека се регистрирани 50 оздравени пациенти, а пријавени се шест починати лица на возраст од 40 до 95 години. Од пријавените, едно лице е починато во домашни, а другите пет во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 811.693 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.
]]>


