Пратениците одобрија рокот за кризна состојба да продолжи до крајот на годинава

Собранието изгласа Одлука да се продолжи за шест месеци рокот за постоење кризна состојба на територијата на државата заради заштита на здравјето на населението и безбедност од ширење на пандемија од КОВИД-19. Со измени на постојната Одлука, наместо 30 јуни 2021, кризната состојба ќе трае до 31 декември 2021.

Против одлуката гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека е непотребно да се продолжува кризна состојба зашто бројот на заразени е намален и дека тоа се прави за да може да се манипулира на локалните избори во октомври.

Собранието прифати по скратена постапка да се донесат предлог-измени на Изборниот закон, поднесен од пратениците Маја Морачанин, Павле Трајанов и Моника Зајова, за дополнување на Законот за земјоделско земјиште, измени на Закон за рамноправен регионален развој, поднесени од група пратеници… Не беа прифатени предлозите на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се донесат измени на Законота служба во Армијата на РСМ и изменување и дополнување на Законот за тутун.

Пленарната 43-та седница почна во стариот амбиент – салата „Македонија“ каде што има услови за електронско гласање. Пратениците се вратија таму по неколку месеци работа во Големата сала (купола). Комисијата за заразни болести одобри протокол по кој ќе се одржуваат пленарните седници. Продолжението на 43-тата седница е по редовната пауза. 

MИА

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести