На состанокот, како што соопшти ЦУК, стана збор за моментните состојби во имплементацијата, со посебно внимание за профилацијата на човечките ресурси во новоформираниот сектор за 112. Се дискутираше и за реализацијата на неколкуте јавни тендери што се во тек, тендерите што ќе следат во наредните денови, измената и дополнувањето на Законот за управување со кризи и за останати детали и можни непревидени работи што би можеле да се појават при наредните чекори на имплементацијата, како и за начинот на надминување на истите. Беше констатирано дека проектот напредува и дека во наредниот период се потребни правовремени решенија за реализација на идните проектни задачи.
– Покрај носителот на проектот, ЦУК, главни соработници во имплементацијата се и Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Агенцијата за електронски комуникации, Силите за противпожарна заштита, и други државни субјекти, соработници, од Системот за управување со кризи во државата, а и ресурси на располагање, стои во соопштението на ЦУК.
MИА
]]>


