Објавен Јавниот повик за Мерка 7 од ИПАРД II програмата – Еве кои се условите и за кои приоритетни сектори можете да аплицирате

Врз основа на член 9 став 1 точка б од Законот за ратификација на Секторската спогодба
меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за воспоставување на
одредби за управување и спроведување на финасиската помош на Унијата за Република
Македонија според Инструментот за претпристапна помош во областа на политиките за
„Земјоделство и рурален развој” (ИПАРД)

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес 08 јули 2021 година објавувa

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2021 за доставување на барања за користење на средства по мерка 7 “ Диверзификација на
фарми и развој на бизниси” од ИПАРД Програмата 2014-2020

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од
Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД)
согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на
Република Северна Македонија.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска
поддршка (грант) во износ од:
– 65% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка 7 –
Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 22 август 2021 година.
Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува:
9.604.431,00 евра или во денарска противвредност 592.545.370,75 денари, со можност во
текот на јавниот повик износот да се зголеми.

Повеќе на: АГРОТИМ.МК

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести