Во 2004 година ИВЗ муфтиство Кичево, заведе судски спор за враќање во владение на дел од кичевскиот пазар, за кој, како што велат, имаат соодветни документи, тапии, дека се сопственици на 2 650 метри квадратни површина.
-Во 2015 година судот пресуди во полза на ИВЗ и дел од пазарот му го додели на муфтиството во Кичево, потврди за МИА секретарот муфтиството Џемаил Ахмеди и нагласи дека вчера се стекнале со имотен лист за дел од пазарот со површина од 2000 метри и допрва треба да ја комплетираат парцелата со добивање на имотен лист и за преостанатите 650 метри површина од пазарот.
-Откако во 2004 година поведовме судски спор за враќање на 2 650 метри квадратни од кичевскиот зелен пазар на ИВЗ муфтиство во Кичево и за кој беше донесена правосилна пресуда во 2015 година , со што се потврди дека ИВЗ станува сопственик на овој дел од пазарот и од вчера и официјално со имотен лист е потврдено дека муфтиството во Кичево стана сопственик на 2000 метри квадратни од кичевскиот зелен пазар-нагласи скретарот на муфтиството во Кичево, Џемаил Ахмеди и, посочи дека наскоро очекуваат и преостанатите 650 метри квадратни да преминат во владение на муфтиството.
Наведе дека планираат во овој дел од пазарот да изградат катни гаражи и други содржини кои се вклопуваат во Деталниот урбанистички план, а во преостанатиот дел на кој сеуште е сопственик ЈКП„ Комуналец“ Кичево, по принципот на јавно-приватно партнерство да изградат современ градски пазар и да имаат обострана корист како муфтиството во Кичево, така и комуналното претпријатие од градот, кое по решавањето на судскиот спор располага со само 1 000 метри квадратни површина од зелениот пазар.
MИА
]]>


