-Исплатата на парични средства како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки скенирани во тримесечјето април, мај и јуни 2021 година ќе се врши во текот на месец август 2021 година, а заради непречено одвивање на исплатата потребно е навремено ажурирање на податоците, укажуваат од УЈП.
Ажурирањето, посочуваат од УЈП, се врши во самата апликација МојДДВ.
– Граѓаните на брз, лесен и едноставен начин може да ја сменат трансакциската сметка со тоа што треба да се најават во апликацијата МојДДВ и да го одберат прозорчето профил, кое ќе се отвори и во полето за трансакциска сметка ја впишуваат новата трансакциска сметка и го одбираат прозорчето зачувај, се вели во соопштението од УЈП.
Заради зачувување на измените по извршеното ажурирање, корисниците, посочувата од УЈП ја впишуваат и лозинката на апликацијата МојДДВ.
МИА
]]>


