Лозарите годинава ќе имаат крајна откупна цена од 15 денари за вранец и 13 за смедеревка, ќе се зголеми дополнителната мерка

Денеска, во просториите на МЗШВ, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржа состанок со претставници на винариските визби. После два и пол часа преговори, постигнат е договор откупната цена за Смедеревка да изнесува 10 денари  и 12 денари за Вранец. На сите лозари кои предале грозје под овие цени, разликата ќе им биде надокнадена од страна на винариите. Корекцијата на цените ќе стапи на сила веднаш, уште од вечерва – информираат од МЗШВ.

Според неофицијални информации на Агротим, ќе има промени и во дополнителната мерка за лозарите, односно таа ќе биде зголемена. Наместо 2 денари за килограм, ќе биде 3 денари и со тоа лозарите ќе имаат крајна откупна цена од 15 денари за килограм вранец и 13 за смедеревка.

Од министерството потенцираат дека откупот ќе продолжи да тече непречено, а се очекува за една недела да има поголем откуп со што ќе се направи првичен пресек на откупените количини.

Министерот во договор со винариите вети дека ќе се откупи целата количина на произведено грозје и нема да остане ниту еден килограм неоткупен.

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести