(ВИДЕО) Заев од Демир Хисар: Најдоброто носи јасна идеја и план за развој на секој град, на целата држава

-Денеска, од убавиот Демир Хисар ја започнуваме кампањата „Најдоброто за мојата општина“, кампања полна со решенија, со идеи, со најубавите македонски и есенски бои, со слух и осет за вашите потреби. На овие избори СДСМ и коалицијата ја има најдобрата понуда на домашната политичка сцена, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев од Демир Хисар.

-„Најдоброто” носи јасна идеја и јасен план за развојот на секој град, на секое населено место, на целата држава. А, од другата страна, ДПМНЕ огромна неизвесност, ризик, опасност и закана, за враќање во темното минато. Нашата најдобра понуда значи постојана отворена комуникација меѓу градоначалникот и вас, граѓаните, но значи и заедничко одлучување, рече Заев.

-Најдобрата понуда значи зелена агенда како врвен приоритет, брз локален економски развој и инфраструктурни инвестиции во сите општини и региони за рамномерен развој.
Голем дел од општините во изминатите четири години беа предводени од СДСМ. Работевме посветено, вредно и напорно, и таа силна динамика мора да продолжи. Служењето на граѓаните продолжува, а победата на овие локални избори ќе биде потврда и за политиките на централно ниво. Изборот на Најдоброто на овие избори, ќе ја повтори определбата на граѓаните да живеат во модерна европска земја, пријател на регионот и светот, рече Заев.

-Овие избори се важни и за неодговорната опозиција да не добие можност повторно да прави штета на локално ниво, истакна Заев.

-На 17 октомври вие одлучувате. Со вашиот глас избирате заедништво и развој, наспроти поделби и минато. На 17 октомври бираме отворени општини, ваши, наши. Убеден сум дека и овој пат ќе направите мудар избор и ќе одберете да продолжи развојот, да продолжи напредокот со СДСМ и коалицијата.
Во Демир Хисар победува Најдоброто со Стевче Митревски. Во цела држава победува Најдоброто со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, порача Заев.

https://www.youtube.com/watch?v=sayCAx8zCWg&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести