Во Германија викендот се очекуваат над 41 степен

Германија се соочува со врвот на топлотниот бран, а метеоролозите за денеска прогнозираат температури до 39 степени Целзиусови, додека за време на викендот во некои делови од земјата би можеле да надминат 41 степен.

Германската метеоролошка служба предупредува дека се можни нови јунски, па дури и историски температурни рекорди, објавува „Билд“.

Екстремната топлина веќе предизвика прекини во сообраќајот и јавниот живот.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести