Уапсена девојка од Куманово поради подметнување пожар

На 20.02.2023 во 23.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово, по преземени мерки и активности, ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово. Таа се сомничи дека во 2019 година подметнала пожар во куќа на улица „Гоце Делчев“ во Куманово.

Таа била приведена во полициска станица и во службен разговор го признала делото. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава, информираат од полицијата.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести