Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки. Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, се наведува во денешното соопштение од Министерството за внатрешни работи.
– Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за не користење сигурносен појас, шест мерки за возење под дејство на алкохол…, пишува во соопштението.
Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.
МИА


