Санкционирани 105 возачи на територијата на СВР Куманово

На територијата на СВР Куманово денеска во рамки на засилената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, санкционирани се 105 возачи. Од нив, 89 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Како што посочуваат, засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести