Приведени три лица од Скопје поради мачење на коњ

Денеска на улица Благоја Стефковски во Скопје од страна на полициски службеници од ЕВР Гази Баба лишени се од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 233 од КЗ (мачење на животни) сторено на 01.03.2023 околу 13:00 часот на ул. Коце Металец во Скопје , при што измачувале коњ.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од МВР.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести