СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.М.(19) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против Д.М.(35) од с. Лабунипшта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозоможување на употреба на наркотични дроги“.
На 14.12.2022 на ул. „4 Јули“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фиат пунто“, кое го управувал Д.М., при што во возилото и кај сопатникот Н.М. била пронајдена и одземена марихуана, информираат од СВР Охрид.


