Се прави пристапен пат до земјоделско земјиште кај велешкото село Мамутчево

Во тек се градежни активности за уредување на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во село Мамутчево, во должина од 750 метри.

Овој проект е во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, а средствата се обезбедени преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информираат од Општина Велес

– Со инвестирањето во руралните средини придонесуваме за рамномерен развој на Општината и земјоделството како важна стопанска гранка. Равојот на руралните средини е неопходен за развој на општината, потенцираат од Општина Велес.

МИА

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести