Популарниот актер Хју Грант налути многу гледачи на „Оскарите“ со неговото кратко интервју со плус сајз моделот Ешли Греам.
Актерот беше видно нерасположен на црвениот тепих и не се ни обиде да сокрие колку не му се допаѓа тој разговор.
„За кого навивате вечерва?“, го праша Ешли.
„За никого посебно“, незаинтересирано одговори тој. Таа потоа го праша „Во што е облечен за наградите“.
„Костум“, ѝ одговори тој.
Ешли се обиде разговорот да го претвори во шега и го прашала кој му го скроил оделото.
„Не можам да се сетам“, заврши тој.
Неговото однесување наиде на остри коментари од корисниците на социјалните мрежи.
„Каков кретен“, е само еден од коментарите на социјалните мрежи во кои луѓето тврдат дека се згрозени од однесувањето на славниот актер.


