„Еве баш вака сум насмеана заради илјадниците пораки што ги добив од вас драги пријатели, тони љубов и желби за добро здравје. А што друго ни треба? Ако немаш здравје немаш ништо !!! Ама кога го имаме често забораваме да го цениме. Секој има своја борба, и никогаш не знаеш кој со каков проблем се соочува… затоа секогаш биди љубезен барем тоа е бесплатно“, напиша водителката Лила Филиповса на социјалната мрежа Инстаграм откако претходно јавноста дозна дека таа се борела со карцином.
„Жалам што не можам на сите да ви вратам на прекрасните пораки но еве на овој начин сакам да ви се заблагодарам искрено и од срце за одвоеното време и убавите желби“, се заблагодари Филиповска.
Таа вети дека во наредниот период подетално ќе зборува за нејзиниот пат се со цел да помогне некому кој можеби го поминува истото.
„Во вакви моменти поддршката е најважна и ве молам секогаш кога можете давајте ја, затоа што тоа е главната сила во битката со секое зло па и со ова. Ве сака ваша Лила“, порача популарната водителка.

Минатата недела излезе во јавност интервјуто со водителката Лила Филиповска за списанието „Убавина и здравје“ во кое таа за првпат проговори за нејзината најголема животна борба со ракот на дојка. По повеќе од една година исполнета со неизвесност, очекувања, терапии и стравови, омилената ТВ-водителка победнички кажа дека оздравела.
Водителката се оперирала во клиника во Турција, каде што, додека многумина мислеле дека оди на шопинг, таа успешно поминала низ тешкото премрежје.


