(ВИДЕО) Меси отишол во ресторан во Аргентина: Погледнете како сето тоа завршило

Еден од најдобрите фудбалери во светот Лионел Меси на неговата Аргентина ѝ донесе светска титула и затоа тој во својата татковина е толку популарен што не може ни да го напушти својот дом без да биде опкружен со неговите фанови. Токму ова се случило и синоќа во еден ресторан во Буенос Аирес каде што бил Меси.

Меси отишол во ресторанот без неговото обезбедување обидувајќи се да остане незабележлив. Меѓутоа фановите на улица го препознале и така всушност започнал хаосот. Откако неколку фанови го препознале и го виделе каде влегол, го чекале два часа пред ресторанот, пеејќи и скандирајќи го неговото име. Интересни сцени имало и во ресторанот. Кога сфатиле кој влегол, гостите и работниците во ресторанот започнале да врескаат и постојано да го сликаат легендарниот Аргентинец. Тој се смеел и им мавтал, но откако излегол од ресторанот веќе не му било до смеење.

Улиците околу ресторанот биле преполни со илјадници негови обожаватели, кои како стампедо тргнале кон него. Го спасиле неколку полицајци, кои успеале безбедно да го донесат до неговиот автомобил, бидејќи биле свесни дека ситуацијата може да ескалира имајќи предвид дека се работи за голема маса на луѓе.

Најчитани вести