Според Гинисовата книга на рекорди најпопуларен музичар во светот статистички е „The Weeknd“. Како што тврдат, никој друг не е бил ни блиску до успехот на „The Weeknd“, бидејќи 33-годишниот пејач поставил два светски рекорди за стриминг: има најмногу месечни слушатели на „Spotify’ и тој е првиот изведувач кој месечно достигнал 100 милиони слушатели на „Spotify“.
Неодамнешниот наплив на стримови делумно е поттикнат од успехот на неговиот ремикс на „Die For You“ со Аријана Гранде, кој стана вирален на TikTok.


