Од денеска почнува етапната исплата на пензиите за март, зголемени за 8.4 отсто, согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: денеска е исплатата на пензии до 11.000 денари, утре (среда) на тие што се во износ од 11.001 до 14.000 денари, во четврток пензиите од 14.001 до 18.000 денари и в петок, 31 март, ќе се исплаќаат пензиите во висина над 18.001 денари.

МТСП во известувањето појаснува дека новата методологија за раст на пензиите следи два индикатора односно 50 отсто од порастот на просечната плата и 50 отсто од порастот на трошоците за живот.

-Ова усогласување се врши два пати во годината, март и септември, и претставува постојан раст на пензиите, наведува МТСП.
МИА


