Безбедноста на телефонот е нешто што е важно за секого, но кај некои мобилни телефони има грешки кои не зависат од самите корисници, туку фабрички.
Во рамки на проектот Google Zero беа објавени модели на телефони кои најчесто се на мета на хакерите токму поради ваквите грешки, пишува Index.hr.
Сè што им е потребно на хакерите е телефонски број, поради што овој начин на хакирање се нарекува хакирање без клик (no-click hack)/.
Ова е список на потенцијално загрозени телефони:
Телефони од серијата Samsung S22, M33, M13, M12, A71, A53, A33, A21, A13, A12 и A04
Телефони од сериите Vivo S16, S15, S6, X70, X60 и X30
Сериите на Google Pixel 6 и Pixel 7
сите уреди за носење кои користат чипсет Exynos W920
сите возила кои користат чипсет Exynos Auto T5123
За да се елиминира ризикот, корисниците треба да ги исклучат Wi-Fi calling и услугата VoLTE во поставките на уредот.
Корисниците на телефоните на Google Pixel мора да го ажурираат својот телефон на најновата верзија, објавена овој месец. Ажурирањето вклучува patch за проблемот.
Извор:danas.rs


