Зборувањето јавно за нечие ментално здравје и вадењето на доверлива медицинска документација на увид на јавноста е еден од најгнасните чинови во нашето Собрание.
Пратеникот Драган Ковачки вчера на говорница извади медицинска документација од специјалист психијатар за министерката за одбрана Славјанка Петровска со која наводно докажува дека пиела седативи. Не само што е грозен чинот, туку е и казнив со закон.
Конечно, денес речиси да нема човек кој има потешкотии со менталното здравје, страда од анксиозност, депресија и слично. Стигматизирањето на Славјанка е стигматизирање на мнозинството луѓе, а стигматизирањето на обидите за надминување на овие состојби (меѓудругото и со медикаменти) е директен удар врз јавното здравје.
-Фејсбук статус на Ирена Цветковиќ, извршна директорка на „Коалиција Маргини“


