Што е бими, зеленчукот што ја освојува Европа?

Самото име бими потекнува од јапонскиот јазик и значи вкусно. Создадено е со вкрстување на брокула и каилан, лиснат зеленчук кој се користи во кинеската кујна. Јапонските научници користеле традиционални техники на вкрстување за да го создадат овој уникатен зеленчук. Полека ја освојува Европа и може да се најде на пазарите во Германија, Шпанија, Португалија, Холандија, Обединетото Кралство, Франција.

Она што бими го издвојува од другите зеленчуци е тоа што брзо се подготвува, термички се обработува и може да се јаде сиров. Го нарекуваат супер зеленчук, бидејќи се карактеризира со висока содржина на витамини, минерали и други материи корисни за нашето здравје. Содржи повеќе од десет есенцијални амино киселини.

Во гастрономијата може да се приготвува на различни начини, може да се динста, да се вари, на пареа, да се пече, да се пече на скара, од него се подготвуваат салати и сосови. Има уникатен вкус, кој потсетува на вкусот на јаткастите плодови. Одлично оди со секое месо или риба, а може да биде и самостојно јадење.

По изглед е сличен на брокулата, но цветната глава не е компактна и има долга, нежна дршка. Целосно се јаде, се јаде стеблото и нежните цветови. Идеален е за сите видови храна. Во 100 грама има 35 калории.

Извор: bastabalkana.com

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести