Почина Зоран Димоски, ја изгуби битката со болеста

На социјалните мрежи се споделуваат објави со сочувство за Зоран Димоски од Битола, еден од похрабрите и поистакнати членови на „Шарена револуција“ кој почина по тешката борба со ракот.

Димоски беше многу активен на социјалните мрежи и постојано се бореше за промени во општествениот живот. Стана популарен во времето на „Шарената револуција“ кога се залагаше за промени во нашата земја. 

Димоски е роден во 1973 година.

Од Димоски се прости и поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, поранешниот премиер, Зоран Заев, како и актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести