Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм ѝ честита на женската ракометна екипа од Куманово, кои третпат во својата историја стигнаа до трофејот од Купот на Македонија!
„Победа во финалето кое се одигра во Охрид совладувајќи го Вардар со 32-31! Браво девојки! Ви посакувам уште многу успеси“, напиша Спасовски.


