Mинистерството за внатрешни работи соопшти дека се направени заеднички контроли на полицијата со пазарните инспектори во менувачници на Бит Пазар при што во две е констатирано незаконско работење.
Контролите се направени вчера, во пет менувачници во Старата скопска чаршија на подрачјето на Бит Пазар.
„При контролата било констатирано дека две менувачници не поседуваат никаква документација за регистриран правен субјект, ниту Дозвола за менувачко работење од Народната банка на Република Северна Македонија. Против сопствениците на двете менувачници, од Државниот пазарен инспекторат ќе биде изготвен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.


