Тешка сообраќајна незгода на патот Ранковце – Крива Паланка

Тешка сообраќајна несреќа се случила на патот Ранковце – Крива Паланка, неофицијално има тројца повредени.

Во моментот има застој во сообраќајот и километарски колони кај местото викано Просечениик, каде што на остра кривина се судриле камион и патничко возило марка Тико. Интервенирале две противпожарни екипи, како и екипи на Итна Помош.

Причините како дошло до незгодата се непознати, но во моментот во регионот има лоши временски услови, силен дожд и грмотевици.

Најчитани вести