Вокер го пропушти тренингот пред финалето на ЛШ поради проблеми со грбот

Фудбалерот на Манчестер сити, Кајл Вокер го пропушти вчерашниот тренинг поради проблеми со грбот.

За состојбата на дефанзивецот зборуваше тренерот на „Граѓаните“ Пеп Гвардиола.

– Беше загрижен за грбот. Вчера не се чувствуваше многу добро. Не сакавме да ризикуваме, ќе видиме што ќе се случи во наредните денови.

Самиот фудбалер е оптимист дека ќе биде подготвен до сабота.

– Добро сум. Само што стареам! Ми требаше само дополнителен ден да закрепнам, рече 33-годишниот Вокер.

Манчестер сити в сабота (10 јуни) во Истанбул ќе се соочи со Интер во финалето на Лигата на шампионите.

МИА

Најчитани вести