Ѕирнете во новиот луксузен дом на Меси во Мајами: Си купил стан во кој ќе може да си влезе со автомобил


Еден од најдобрите играчи во светот, Аргентинецот Лионел Меси, по истекот на договорот со францускиот ПСЖ, кариерата ја продолжува на американскиот континент, каде потпиша договор со Интер Мајами, клуб во сопственост на Дејвид Бекам.

Како што се прошири веста, популарноста на новиот клубот на Меси порасна многу брзо – досега речиси милион луѓе го следеа клубот на социјалните мрежи, а сега има повеќе од седум милиони. Поскапеа и влезниците за натпреварите на овој клуб, па од околу триесетина долари за влез, сега чинат десет пати повеќе.

Меси веќе си нашол и место каде ќе живее со неговото семејство, со сопругата Антонела и трите деца Тијаго, Матео и Сира, а тоа е луксузен стан на два ката во елегантната кула Порше Дизајн на плажата „Sunny Isles“  во Мајами.

Под името на брендот на истоимениот германски производител на автомобили, зградата може да се пофали со три лифтови за автомобили кои им овозможуваат на сопствениците да ги паркираат своите возила во стаклена површина на истиот кат како нивниот стан опремен, се разбира, поддржани со најсовремена технологија.

Овој софистициран станбен облакодер наменет за луксузен живот, има 132 станбени единици од 250 до 500 квадратни метри со балкони и поглед на океанот, приватен ресторан, приватно кино, огромен базен, најсовремени спа и фитнес центар, соба за забава, виртуелен терен за голф, салон бар…

Меси за својот стан во оваа луксузна зграда платил, за него безначајни 7,1 милиони долари, а со оглед на тоа дека во Мајами ќе добива неверојатни 50 милиони долари по сезона.

„Да ми беа важни парите, ќе заминев во Саудиска Арабија. Тоа ми изгледаше како многу пари, но мојата одлука е донесена поради семејството, не поради парите.“ – изјави „скромниот“ седумкратен освојувач на Златната топка по потпишувањето на договорот со Мајами и го доби статусот на најплатен фудбалер во американската лига.

Најчитани вести