Во Париз, полицијата го претресува седиштето на организаторите на Олимпијадата во Париз во 2024 година, поради сомневање за корупција.
BREAKING: French investigators are searching the headquarters of the 2024 Paris Olympics organisers as part of a probe into suspected corruption.https://t.co/PAiZ4D1jU3
— Sky News (@SkyNews) June 20, 2023
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/37XEiD6qDp
– Парискиот организациски одбор во своето соопштение соопшти дека во тек е претрес на канцеларијата и дека „Париз 2024 соработува со истражителите за да ја олесни истрагата“ – пренесува Sky News.
Претресите се поврзани со две истраги кои претходно не ѝ беа познати на јавноста и се базираат на информации доставени од Антикорупциската комисија.
Едната е истрага од 2017 година, поради сомневања за финансиски малверзации и фаворизирање, како и загриженост за договор склучен од организаторите.
Обвинителството објасни дека втората истрага била отворена во 2022 година, по ревизијата на француската агенција за борба против корупцијата.
Тој случај е фокусиран на сомнителен конфликт на интереси и одредени активности во врска со неколку договори склучени меѓу организацискиот одбор и Солиде, компанијата задолжена за олимписките објекти.
За потсетување, Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година, додека Параолимписките игри во истиот град се закажани од 28 август до 6 септември истата година.


