Жерар Пике и Клара на свадбата на неговиот брат: Таа носеше едноставен фустан, но шоуто го украде неговата мајка која не ја поднесува Шакира


Братот на Жерар Пике, Марк вчера се ожени со неговата долгогодишна девојка Марија Валц. Свадбата ја направија во Шпанија, а познатиот фудбалер на венчавката дојде со неговата партнерка Клара.

Поранешниот фудбалер Жерар Пике неодамна беше во Мајами, каде живеат Милан и Саша, синовите кои ги доби со колумбиската пејачка Шакира. Тој се врати во Шпанија на венчавката на неговиот брат, а се шпекулира дека на овој настан ја официјализирал свршувачката со Клара или тоа ќе го направи наскоро.

„Пике и Клара планираат наскоро да се венчаат и внимателно го бираат датумот кога ќе го објават тоа“, изјавил извор, за „Дејли мејл“.

Познатиот спортист на венчавката бил многу елегантен, како и неговата девојка која била облечена во едноставен фустан. Летниот модел на облека не е лошо решение за свадби во најтоплиот дел од годината, иако изгледа премногу опуштено.

Сепак, шоуто го „украде“ мајката на Пике. За оваа прилика Монсерат Бернабеу избрала погламурозно издание и зелениот фустан и стана хит.

Не е тајна дека таа воопшто не ја сака Шакира уште од почетокот на врската пимеѓу нејзиниот син и славната пејачка, од неколку причини: затоа што Шакира е 10 години постара од Жерар и затоа што не е од Каталонија, пишува „Ла Критика“.

Пике, кој го носи и презимето на мајка му, сега е во врска со 12 години помладата Клара – можеби поради тоа таа повеќе ќе и се допадне на мајка му, како и фактот дека е од Шпанија.

Најчитани вести