На 59-годишна возраст починал братот на познатиот српски актер Никола Којо, Владимир Којо.
Според Телеграф, Владимир бил удрен од коњ на хиподромот. Семејство објави некролог во локалните дневни весници и на овој начин се прости од него.
-Последен поздрав до саканиот брат – пишува во некрологот на Љубомир и Никола Којо со нивните семејства.
Тој е погребан денеска, на Новите гробишта во Белград.
Никола Којо секогаш го чуваше во тајност својот приватен живот, па никогаш јавно не зборуваше за својот брат.


