Ако вистински сте одлучиле да работите на вашиот домашен буџет и да заштедите неколку денари, можеби ќе ве интересира оваа многу популарна техника за штедење што ни доаѓа од Јапонија. Луѓето велат дека е многу едноставна и дава резултати. Се работи за таканаречениот план за штедење „Какеибо“.
Зошто Какеибо? Тоа е името на тетратка (вистинска тетратка, не некоја апликација) во која штедачот ги запишува своите навики за трошење за да види каде има простор да заштеди.

Какеибо буквално значи „домашно сметководство“, а во Јапонија е присутна долго време – поточно од 1904 година, кога новинарот Мотоко Хани ја објавил својата лична тетратка со цел да ги инспирира и другите да штедат, а еве како функционира:
На почетокот на секој месец, штедачот ги планира своите финансии за следните четири недели со помош на тетраткаta.
Планот за трошоци е поделен во четири категории:
-Преживување (храна, сметки, транспорт/бензин, хигиена…)
-Факултативно (шопинг, ресторани, нарачка на храна и слични трошоци)
-Култура (дел од буџетот наменет за кина, театри, книги…)
-Дополнителни (ненадејни трошоци, оние што настануваат кога ненадејно ќе се расипе некој апарат за домаќинство, ќе дојде нечиј роденден итн.)

На крајот на секоја недела, штедачот ќе мора да го спореди планот со реалната ситуација за да провери дали некаде „претерал“. Поентата на овој вид на заштеда е да се разбере каде се трошат парите и да се види каде имаме простор да се заштеди.
Според „Какеибо“ многу важно е да си ги одговорите овие четири прашања за да успеете да ги промените вашите навики за трошење:
– Колку пари имате?
– Колку од нив сакате да ги заштедите?
-Колку навистина трошите?
-Како можете да ја подобрите вашата состојба?
Корисниците на оваа метода ширум Европа се воодушевени од овој вид на заштеда бидејќи не е премногу рестриктивна и со нејзина помош успеале да заштедат околу 35 отсто од буџетот што го имаат за тој месец, пишува Жена Блиц..


